Red Bull Doodle Art: Матеј Тодоровски го освои првото место на натпреварот
- Детали
- среда, 11 јуни 2014
Сега веќе знаеме кој ќе патува за Кејптаун и ќе ја претставува Македонија на глобалната изложба на Red Bull Doodle Art.
Изложбата која се оддржа на 6ти и 7. јуни, на Skopje Street Festival, помина одлично и ни го донесе победникот на Red Bull Doodle Art натпреварот.
Матеј Тодоровски, судент на Архитектонскиот факултет во Скопје, го освои првото место на натпреварот, oд вкуптно 420 пријавени цртежи. Со преку 1300 гласа на Facebook и поените на жирито, составено од модната блогерка Јована Зука, графичкиот дизајнер и илустратор Горан – Ind.o.g и фотографот Димитар Петровски – Дими, цртежот на Матеј заслужено ќе ја претставува Македонија на глобалната изложба во Кејптаун, Јужна Африка.
Второтo место го освои Давид Ристевски, кој доби iPod Touch, а третото место му беше доделено на Владимир Милиќ, кој освои iPod Nano.
Сите дваесет финалисти добија маички со нивниот цртеж, дизајнирани од Ind.o.g.
Red Bull им се заблагодарува на сите шкртачи за учеството, им посакува многу успеси и креативни предизвици во иднина, а на Матеј му посакуваме да ужива во патувањето во Кејптаун и да се врати со нови, уште покреативни идеи!