Аргета-мајките со добротворна акција

Една од македонските хуманитарни организации ќе добие донација од 3.000 евра

argeta-majkite-vo-dobrotvorna-akcija

Скопје, 3 октомври 2013 – Во соработка со мајките-победнички на натпреварот „Мајките одобрија“, Аргета ќе додели грант од 18.000 евра за избраните хуманитарни организации што се стремат кон подобра иднина за жените, децата, фамилиите во шест земји низ регионот. Во Македонија, како и во другите земји, за добри цели ќе бидат доделени 3.000 евра.

Клучната улога во доделувањето на донацијата ќе ја одигра пошироката јавност, бидејќи финансиската поддршка ќе ја добие организацијата што ќе собере најмногу гласови на фејсбук-страницата Аргета Македонија. Затоа, вие сте поканети да ја покажете својата поддршка кон една од хуманитарните организации избрани од страна на Аргета-мајките - секој глас се брои!

Првата „мисија“, за која се состанаа 18 мајки од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, беа проверка и потврдување на квалитетот на Аргета. Заедничкото искуство ги поврза мајките и создаде блиски врски меѓу нив, па тие со задоволство одговорија на иницијативата за надградба на проектот „Мајките одобрија“ со добротворна акција. На секоја од мајките ѝ беше дадена можност да предложи, во согласност со сопственото размислување, хуманитарна организација што се стреми кон подобра иднина за жените, семејствата или децата. Така, во секоја од шесте држави беа презентирани три филантропски организации.

Аргета ја даде иницијативата, мајките предложија, вие одлучувате!

Аргета-мајките номинираа 3 домашни организации со благородна мисија. Тие ја презентираа организацијата зад која застанаа и причината за ваквиот избор преку фејсбук-страницата Аргета Македонија, каде што ја поканија јавноста да им се приклучи и да ја искаже својата поддршка за следниве организации:

  • СОС Детско село, Македонија
  • ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври
  • Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ)


Повеќе информации за македонските организации може да откриете на социјалната мрежа Фејсбук (www.facebook.com/ArgetaMakedonija). Може да ја искажете својата поддршка за, според вашето мислење, омилената и најзаслужна организација на која ќе ѝ го подарите својот глас. Ќе може да гласате секој ден од 3 до 31 октомври 2013. Имајќи предвид дека „гласот на народот“ ќе биде одлучувачки за доделувањето на донацијата, љубезно ве молиме да земете учество!


Идејата на
добротворните акции е да се обрне внимание на современите проблеми

Аргета, бренд на Дрога Колинска – членка на Атлантик-групата, ќе ѝ даде грант од 3.000 евра на секоја од шесте земји во регионот, според изборот на пошироката јавност. На овој начин за добросостојбата на жените, нивните семејства, децата и општеството во целост, ќе бидат донирани 18.000 € во рамките на целиот регион.

„Мајките секојдневно се стремат да им го обезбедат најдоброто на своите семејства. Така, ние во Дрога Колинска помисливме зошто не би им ја понудиле на Аргета-мајките можноста да ни помогнат во нашите добротворни намери. На овој начин, не само што ќе ги исполниме нашите заложби и одговорност кон општеството, туку и ќе ги истакнеме темите и прашањата со кои се соочуваат мајките и нивните деца во целиот регион“, ни објасни Ензо Смрекар, член на компаниското раководство на Дрога Колинска и извршен директор на работната програма „Деликатесни намази“ во Атлантик-групата.

Повеќе информации за проектот може да добиете на: http://www.majkite-odobrija.mk/mk

Повеќе информации за добротворната кампања може да добиете на: www.facebook.com/Argeta Македонија

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg