Cподелете единствено Coca-Cola искуство со вашето име
- Детали
- среда, 15 мај 2013
Денес официјално започнува новата кампања Сподели Coca-Cola во која 150-те најчести имиња во Македонија се најдоа на Coca-Cola шишињата и лименките. Сега и граѓаните од Македонија во исто време со милиони обожаватели ширум Европа имаат можност да го пронајдат своето име на етикетите на најомилениот безалкохолен пијалак а со тоа и Македонија стана дел од првата и најголема европска кампања за персонализација на производ.
Лименките и шишињата со имиња како Дарко, Никола, Маја, Филип, Марија, Горан, Александар, но и изрази како „семејство“ и „пријатели“ се веќе во продажба. Тинејџерите што сакаат да бидат оригинални во својот избор, можат да најдат Coca-Cola со ознаки „другар/другарка“, „симпатија“ или „дечко/девојка.“
Сподели Coca-Cola инспирира на создавање креативни содржини што се споделуваат, па така од моментот на појавувањето во Македонија, персонализираните Coca-Cola производи создадоа виситински бум на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер, Инстаграм и се очекува уште поголем интерес. Сите корисници на социјалните мрежи можат да ги споделат содржините директно на www.spodelicocacola.com.mk, или преку користење на хаштаг #SpodeliCocaCola.
"Сподели Coca-Cola нуди безброј можности за забавни моменти кои дигиталната генерација може да ги споделува, да разговара и да создава нови пријателства. Летото е за запознавање нови пријатели и почеток на авантури и очекуваме кампањата Сподели Coca-Cola да биде во срцето на летните доживувања во Македонија.‘‘, изјавија од Coca-Cola Македонија.
За повеќе информации, посетете ја страницата www.spodelicocacola.com.mk