Странци го чистеа ѓубрето во нашата земја

stranci-go-cistea-gjubreto-vo-nasata-zemja

 

Во организација на ИПОР од Македонија и НатурКултур од Германија во Маврово од 3ти до 11ти Септември се одржа меѓународен проект „Престани да се жалиш – Направи нешто„ каде што присуствуваа 30 млади луѓе од 6 различни земји меѓу кои Германија, Италија, Египет, Грција, Украина и Македонија, а беше финансирана од Германската Национална Агенција преку програмата „Млади во Акција„.

Маврово беше одбрано како едно од најубавите места во овие 6 земји и Хотелот Алпина како еден од најеколошките хотели како место за одржување на проектот.stranci-go-cistea-gjubreto-vo-nasata-zemja-3

На оваа конференција која беше во однос на заштита на животната средина, младите имаа работилници каде се информираа за тоа како сите ние ја уништуваме животната средина преку секојдневното живеење и како влијаеме на глобалното затоплување, наоѓаа решенија за начините како да ја зачуваме природата и како да го исчистиме она што веќе е загадено.

Меѓу другите активности во прокетот, бидејки младите беа запрепастени од шутот и ѓубрето кои ги „красат“ нашите природни убавини во слободното време, учесниците имаа неколку акции каде наједноставно го собираа ѓубрето кое беше во околината на Мавровското езеро, на скијачките патеки, на излетничките места, околу хотелите каде за само неколку часови во текот на секој ден од проектот собраа десетици кубици ѓубре.

Запрашана за нејзиното мислење за убавините на Маврово – Свења Олтманс инаку коорганизатор на проектот од Германија ни одговори:

- Жалосно е да се види толку убаво место а толку нечисто. Зарем луѓето во Македонија не се грижат за своите природни убавини? Како можат надлежните да го остават ова прекрасно место вака, а да градат толку споменици на плоштадот во Скопје?

stranci-go-cistea-gjubreto-vo-nasata-zemja-2

Младите од овие 6 земји јавно ги замолуваат сите граѓани, странски и домашни туристи да ја почитуваат природата и сите останати туристички бисери во земјата и ѓубрето да го фрлаат во канта за отпадоци или да го стават во својата торба додека не наидат на канта.

Би можело да ве интересира:

Маврово се разбуди под снежна прекривка (фото) Конечно снегче во Маврово и првите зимски пејзажи... Доаѓа најубавиот период од ...
Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Каролина со моќна порака од Германија: „Тажно е што кога од многу страни сакаат да нè згазат, ние се... „Вечерашниов концерт бил бојкотиран, се испраќале апели да не се присуствува.&nb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg