Миа Костова на хедонистичко патување на Сицилија - вино, каноли и уживање со синот и Тијана
- Детали
- понеделник, 28 април 2025
„Инфлуенсер си секаде каде што ќе ти ја осетат енергијата и ќе ти дадат попуст, со срце“ - напиша Миа Костова на една од фотките од Сицилија, каде што ужива со синот и со Тијана.
Миа Костова моментално е на одмор во Италија, една од нејзините омилени земји.
Таа, овој пат ужива на Сицилија, во друштво на Тијана и синот Андрија.
Иако се само неколку дена во Италија, и Миа и Тијана споделија моменти од хедонистичкото патување - додека пијат аперол, вино, јадат италијански специјалитети, морски плодови, каноли...
Инфлуенсерката објави и фотка од една од сметките што ги платиле, а на која им дале околу 20 евра попуст.
„Инфлуенсер си секаде каде што ќе ти ја осетат енергијата за попуст со срце“ - напиша таа.
Тие веќе посетија и неколку гратчиња и селца на Сицилија и не го криеја воодушевувањето од архитектурата, шармот на италијанските улички, гостопримливоста на локалното население, и сето она што го нуди оваа земја.
Миа откри и дека Андрија веќе се искапел во море.
„Од ресторан во море“ - напиша таа на една од фотките што ги сподели на Инстаграм Стори.
Погледнете повеќе фотографии од патувањето на Миа во Италија:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





