Регионот сплотен со гестови за поддршка - Кулата во Белград обоена во македонското знаме, солзи меѓу балканската естрада

„Почивај во мир драг Џоце! Нека ти бидат светли патиштата господови тебе и на членовите на твојот бенд, како и за сите оние кои прерано заминаа со тебе во царството небесно“ - напиша Јелена Томашевиќ и сподели фотографија со прерано починатиот тапанар, а голем дел од естрадата од регионот објавува пораки за поддршка. 

regionot-sploten-so-gestovi-za-poddrshka-kulata-vo-belgrad-oboena-vo-makedonskoto-zname-solzi-megju-balkanskata-estrada-01.jpg

Трагедијата што ја снајде Македонија, со 59 загубени млади животи и преку 150 повредени, не остави никого рамнодушен.

Пораки со сочувство, многу емоции и луѓе скршени од болка, не само кај нас, туку и во регионот.

Соседните држави веднаш понудија помош за лекување на пациенти кои настрадаа во пожарот, млади беа испратени во клиниките во Турција, Србија, Хрватска, Грција, Бугарија...

Нашинците масовно се организираат да им обезбедат бесплатни станови и секаков вид на помош на семејствата кои ќе патуваат во овие земји за да бидат со своите сакани, кои се борат за живот.

Меѓу оние кои нудат помош за сместување во Хрватска е и пејачот Давид Темелков, кој неколку години живее таму.

Дури и во соседството се испраќаат апели за донирање крв, доколку е потребно.

regionot-sploten-so-gestovi-za-poddrshka-kulata-vo-belgrad-oboena-vo-makedonskoto-zname-solzi-megju-balkanskata-estrada-02.jpg

Во чест на загинатите во пожарот во Кочани, во знак на последен поздрав, кулата во Белград беше осветлена со боите на нашето знаме, црна летна и се менуваа зборовите „Кочани. Србија е со Македонија“.

Но, меѓу оние кои испратија пораки на поддршка беа и познатите од Балканот, истите оние кои години наназад доаѓаат во земјава и пеат пред македонската публика.

Дел од нив, дури и настапувале во кочанската дискотека „Пулс“.

Меѓу оние кои се простија од загинатите во трагедијата и своите колеги музичари се Јелена Томашевиќ, Северина, Лепа Брена, Саша Ковачевиќ, Цеца и Анастасија Ражнатовиќ, Владо Георгиев, Едита Арадиновиќ, Марија Микиќ, Марија Шерифовиќ, но и Новак Ѓоковиќ.

„Страшна трагедија ги снајде нашите браќа во Македонија. Нема зборови на утеха за болката на родителите кои синоќа ги загубија децата. Македонија сега мора да биде силна.

Најдлабоко и најискрено сочувство до нашите браќа Македонци. Срцето ми е со вас, сочувствувам со вашата болка. Србија е со вас“ - напиша Јелена Карлеуша на Фејсбук.

„Почивај во мир драг Џоце! Нека ти бидат светли господовите патишта на тебе и на членовите на твојот бенд, како и за сите оние кои прерано заминаа со тебе во царството небесно.

Тага до небо во мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со вас! Моето искрено сочувство до семејствата на жртвите и до сите граѓани на Македонија“, пишува во објавата на Јелена Томашевиќ, која објави фотографија со починатиот тапанар Ѓорѓи Горѓиев од Струмица.

„Каква страшна трагедија! Господ да им даде сила и утеха на ужалените семејства. Нашите срца и молитви се со вас“ - напиша Александра Радовиќ.

Погледнете дел од објавите во знак на поддршка од регионот:

regionot-sploten-so-gestovi-za-poddrshka-kulata-vo-belgrad-oboena-vo-makedonskoto-zname-solzi-megju-balkanskata-estrada-17.jpg

regionot-sploten-so-gestovi-za-poddrshka-kulata-vo-belgrad-oboena-vo-makedonskoto-zname-solzi-megju-balkanskata-estrada-10.jpg

regionot-sploten-so-gestovi-za-poddrshka-kulata-vo-belgrad-oboena-vo-makedonskoto-zname-solzi-megju-balkanskata-estrada-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Јелена Спенџарска си ја лепи устата со селотејп во хит видео: „Јас, затоа што сакам да останам врабо... Понекогаш молчењето на работа е злато, зарем не? Јелена Спенџарска сними хит вид...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg