Ивана од Прилеп за операцијата на крајниците на ќерката (6): „Симптомите беа зборување како со затнат нос, спиење со отворена уста и ’рчење“
- Детали
- четврток, 13 февруари 2025
„Точно е дека пред 2 години истата операција ја имаше Инес, но тогаш опериравме само трет крајник. Голема грешка, но наша грешка. Крајниците, освен третиот, тогаш ѝ беа здрави, но ако побаравме да бидат отстранети сите три, ќе беа...“, ја започнува својата приказна Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп за процедурата низ која поминала нејзината ќерка Инес.
Ивана Ѓорѓиоска од Прилеп е мајка на две дечиња, која храбро се избори со ракот, и ја сподели својата приказна јавно за да ги охрабри и другите кои се соочуваат со истото.
Таа неодамна искрено на Инстаграм сподели и низ каков оперативен зафат минала нејзината ќерка Инес (6) и сподели неколку совети за сите родители.
Станува збор за операција на крајниците, која малата храбра Инес одлично ја поднела.
Потоа, на Инстаграм Стори одговараше на прашања околу операцијата од нејзините следбеници, во кои откри повеќе детали за процесот.
Нејзиното искуство сигурно ќе им помогне и на други родители.
Искуството кое го сподели Ивана:
„Точно е дека пред 2 години истата операција ја имаше Инес, но тогаш опериравме само трет крајник. Голема грешка, но наша грешка.
Крајниците, освен третиот, тогаш ѝ беа здрави, но ако побаравме да бидат отстранети сите три, ќе беа. Но, не побаравме и тогаш за тогаш.
После 6 месеци имавме здраво дете, но потоа повторно почнаа маките.
Симптомите за болни крајници кај неа беа константно зборување како со затнат нос, а секрет немаше. Спиење со отворена уста и ’рчење многу гласно.
Кога ќе настинеше ѝ се воспалуваа крајниците и делуваа на слухот, со што слушаше како цело време да е под вода.
Секогаш кога ќе кренеше температура дали од настинка или вирус, креваше 40°С и можеше да се спушти само со инфузија. Од што тоа беше пречесто, кога имаше пример 39,8 нас ни беше како ок, не е висока …
Последните неколку месеци почна да губи воздух ноќе на спиење. Неколку секунди без воздух, а за нас цела вечност.
Знаевме дека мора да се решиме од крајниците, но не знаевме каде, кога, како…
Среќа што често прашував тука за мислења на доктори, болници и слично, па Господ ми прати една Марија.
Па, таа ме упати каде, кога и како да појдеме на преглед. Благодарна сум до небо.
Направивме преглед и кај д-р Никица во болницата 8-ми Септември и по неколку месеци и кај д-р Ирена.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115066_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_107688_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_109921_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108306_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114750_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115043_400.jpg)