Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Македонска водителка со фотки од себе се пошегува: Пред vs. по деца – Гламур vs. борба за парче леб

Сите оние коишто ја носат косата врзана со штипка цел ден (затоа што од стегач веќе им жежи главата), оние коишто носат постара облека затоа што знаат дека ќе се направат со флеки од каши, оние коишто немаат време да јадат, еее тие ќе ми бидат најдобри пријателки. 

А доколку некоја мајка го нашла решението во однос на изгледот, ја користам можноста да ја замолам да ми го каже лекот, рецепт некој, сè со цел навремена превенција на растот на моите подочници или и да не нашла, а е хумана, пак нека ми пише - ќе и го оставам бебето на чување и ќе поспијам.

makedonska-voditelka-so-fotki-od-sebe-se-posheguva-pred-vs-po-deca-glamur-vs-borba-za-parche-leb-07.jpg

Шега како шега, ќе си пораснат, па ќе ни недостигаат овие моменти… Или само така викаат.

А за поддршката и за многубројните коментари од срце Ви благодарам на сите. Ме мотивирате да продолжам, после немојте да се жалите од мојот хумор.

Штом имам кој да ми го разбере и да ми го цени хуморот, јас ќе творам и ќе создавам многу проектчиња.

И не само хуморот, туку и препознавањето на талентот. А тие си одат рака под рака.

Така што, овој сè уште не многу откриен магистер актер ќе гледа да ви стане попознат низ призмата на интересните проекти, уникатните проекти и без исклучување на придавката „квалитетни” проекти. Ветувам!

Чекор по чекор, од Битола до Букурешт, од Букурешт до Скопје, од театар до телевизија, од телевизиски серијали до телевизиски емисии, од актер до водител… и пак назад.

Бесконечна да е низата, а бесконечна да е и поддршката ваша. Затоа што насмеаните луѓе се исполнети луѓе, исполнетите луѓе пак пружаат многу, а јас ќе се трудам да допрам и да исцртам што повеќе насмевки“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска објави видео за токсични врски - жена ѝ вели: „Имам пеколен брак, ама каде да одам... „Мојот телефон е повеќе негов отколку што е мој. Да види дали сум додала некој д...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Ирина Камилоска: „Се породив природно на ГАК, качив 15kg во втората бременост - не е лесно со две де... „Јосиф го родив побрзо од Лена. Иако перијакално свртен, на бокс раѓањето траеше...
Кои познати Македонци имаат три или повеќе деца? Дали знаете дека Симон Трпчески е татко на близнаците Стефан и Андреј, но дека и...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg