Нима Шерпа (27) од Непал дојде да работи во македонски ресторан: „За Македонија слушнав од пријателите“

„Планирам да останам во Македонија околу 2 години. Животот во Непал е добар, но и тежок за живеење на моменти. Природата ни е неверојатна и земјата е рај за планинари“, вели Нима Шерпа (27) од Непал за CRNOBELO.com.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-01.jpg

Нима Шерпа (27) од Непал дошла во Македонија за да работи во ресторан, бидејќи ситуацијата во нејзината родна земја не била сјајна кога станува збор за заработувачката.

Таа работи во ресторанот „Bellissimo“ во Кавадарци, во сопственост на македонскиот ракометен голман Петар Ангелов Диви.

Ја прашавме како дошла на идејата да дојде токму во Македонија.

Нима за CRNOBELO.com споделува:

„Планирам да останам во Македонија околу 2 години, можеби и подолго.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-08.jpg

Животот во Непал е добар, но и тежок за живеење на моменти.

Природата ни е неверојатна, поради екстремната разлика во надморска височина која ја имамe, од ниските предели на нивото на морето до највисоките врвови на Хималаите.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-07.jpg

Непал е најпознат како рај за љубителите на планините, но посетата на Непал ќе ви открие шармантни ридски села, тивки будистички манастири, древни хиндуистички храмови и уникатен начин на живот и култура.

За Македонија слушнав од моите пријатели и дојдов тука за работа.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-03.jpg

Многу сме ѝ благодарни на Агнеса Органџиева што ни обезбеди работа, храна, сместување и што се грижи и нè поддржува како мајка, затоа што знае како е да се биде странец во друга земја – некои ќе те прифатат, а некои не.

Таа е заштитнички настроена кон сите нас, и ни се допаѓа што полека и внимателно нè воведува во вашиот свет.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-06.jpg

Многу сме благодарни што се појави во нашите животи. Бог ја испрати кај нас.

Сакаме да го доживееме новиот начин на живот, традициите и начинот на живот тука во Македонија.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-04.jpg

Ми се допаѓа земјата, затоа што на некој начин е слична на мојата родна земја“.

nima-sherpa-27-od-nepal-doshla-da-raboti-vo-makedonski-restoran-za-makedonija-slushnav-od-prijatelite-05.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg