Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку омраза?“

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-03.jpg

Е, сега прочитајте ги коментарите.

Сите со слична содржина - дека бебето од 14 месеци малтретира животно и дека родителите тоа го дозволуваат. Ве молам!

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-09.jpg

Е сега, од причини што не знам во која сфера од животот се несреќни овие луѓе, ќе го прескокнам тој дел, па ќе преминам на следното - делот за интелектуалната хендикепираност.

Прво, Мика е тогаш бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и кога допира, не знае тоа дали е грубо или не.

Како и сѐ што допира тогаш, на таа возраст. Како кога се придржува за косата на мајката, како кога ја гребе по лице или ја тегне за нос, како кога го гризе образот на таткото и сл.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-11.jpg

Значи, Мика во случајот не повредува, туку така искажува радост. Ова требало коментаторите да го препознаат или претпостават.

Второ, ако овие луѓе знаат македонски јазик и ако паушално не го следат видеото, ќе слушнат во позадина дека родителите, во случајот, ние, го прекинуваме видеото за да Мика и мачето не се повредат меѓусебно.

Значи, нема никаква злобна намера кај никој од нас, за да малтретираме и да си играме со животно.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-07.jpg

И не дека нешто посебно се оптоварувам со ова, едноставно сакам да помогнам во кревање на свеста кај овие луѓе и кај помладите генерации.

Дека сопствениот бес или разочараност ако се пресликува на социјални мрежи, особено на штета на друг (кој ништо никому не згрешил) нема да им помогне на овие лица долготрајно да се чувствуваат подобро.

Напротив, ако зрачат со негативност, ќе привлечат негативност. И такво нешто ќе ги следи постојано во животот.

Затоа, да размислиме неколку пати пред да напишеме нешто кое ќе повреди некој друг. Или малку поинаку кажано, ако немаме убав збор за објавеното, да ја одминеме истата објава и да оставиме простор тоа да го направи некој друг“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Планинска идила: Катарина Ивановска ужива со децата во Маврово и Галичник (фото) Нашиот топ-модел покажа како синот Вања и ќерката Кира се забавуваат кога се во ...
Од денес почнуваат Богородичните пости – Наредните 2 недели ќе покажат какво ќе биде времето во цела... Од денес почнуваат деновите што во народот се познати како Макавеи, кога се пред...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Нашата Марија стана светски шампион во кик-бокс и уште 4 позитивни вести од Македонија кои нè израду... Пеце Јанкуловски од Битола со булдожер ископа ров за да спречи пожарот во тој ре...
Александра Шијакоска го прослави Курбан Бајрам со семејството Во домашна атмосфера, со родителите и дедовците, Александра Весели Шијакоска и н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg