„Овде се вљубив во тебе“ - Сопругата на Даниел Кајмакоски со романтични фотки за годишнината од брак
- Детали
- среда, 22 јануари 2025
„И знаеш што Даниел? Мене баш ми се допаѓа ова наше мало царство. И да можам повторно да бирам, повторно би направила сè исто затоа што го сакам тоа што бевме, тоа што сме и тоа што сакаме да бидеме..“, пишува Марина по повод годишнината од брак со саканиот Даниел Кајмакоски.
Даниел Кајмакоски стапи во брак со саканата Марина во јануари 2023, а вчера (21.01) по повод втората годишнина од брак Марина сподели заеднички фотографии со нашиот пејач.
Ова е втор брак за Кајмакоски, а тој со Марина има две деца, синот Стефан и ќерката Емилија.
Ќеркичката ја добија во ноември 2024-та.
Даниел работи и живее во Белград со семејството.
Пејачот има уште еден син, Давид, од првиот брак со Кристина Димитри.
Марина во романтичната посвета на Инстаграм за Даниел напиша:
„Овде те запознав.
Овде веќе многу бев вљубена во тебе.
А они се производ на нашата љубов.
Таа (се мисли на нивниот миленик) е со нас речиси од самиот почеток.
И знаеш што Даниел? Мене баш ми се допаѓа ова наше мало царство. И да можам повторно да бирам, повторно би направила сè исто затоа што го сакам тоа што бевме, тоа што сме и тоа што сакаме да бидеме..
Среќна годишнина од брак, љубов моја“.