Софија Јанева, наша инфлуенсерка: „Слушав искуства дека бременоста е нешто страшно, но јас имам поинакво искуство“

Во ноември Софија напиша:

„Мојата најголема авантура во животот е бременоста - непредвидливите желби за храна, бесконечните промени во расположението и потребата за редовно „вежбање“, односно шетање до фрижидерот, се само дел од мојата нова реалност.

sofija-janeva-nasha-influenserka-slushav-iskustva-deka-bremenosta-e-neshto-strashno-no-jas-imam-poinakvo-iskustvo-02.jpg

Но, за максимално да уживам во овој период, имам неколку активности што ми помагаат:

Прошетки во градскиот парк - редовните прошетки ми овозможуваат да се опуштам, да останам активна за време на бременоста, а воедно и да уживам.

sofija-janeva-nasha-influenserka-slushav-iskustva-deka-bremenosta-e-neshto-strashno-no-jas-imam-poinakvo-iskustvo-05.jpg

Пазарење за бебето - купување на облека, играчки и неопходни работи за бебето ми носи посебно задоволство.

Читање книги - читањето книги за родителство ми дава корисни информации и ми помага да се подготвам за она што следи. Исто така, понекогаш уживам да читам фантазија или романса, што ми помага да се опуштам.

Курсеви за трудници - ми помагаат да се подготвам психички и физички за породувањето, а и за сè што следи после тоа.

sofija-janeva-nasha-influenserka-slushav-iskustva-deka-bremenosta-e-neshto-strashno-no-jas-imam-poinakvo-iskustvo-09.jpg

Цел втор триместар се чувствував преубаво и затоа времето ми помина пребрзо. Откако влегов во трет, малку потешко ми е да спијам навечер, да се наведнувам и да сум активна подолго време.

Тоа е нормално, но затоа сакам да потенцирам колку е важно да се чувствувате удобно во третиот триместар - тоа се рефлектира и на изборот на облека. Најмалку важно ми е да ги следам модните трендови во овој момент“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Кога јас го носам детето на детски роденден, маж ми гледа ТВ, кога тој го носи - јас чистам, раскре... Мајка од САД вели: „Зошто мажите имаат време и за одмор и за хоби, додека жените...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Нашиот Златко Јовановски имаше 2 ревии на Модната недела во Париз: „Носев круна и наметка, сепак сум... „Костумот што го носев на дефилето, беше везен со 99 огледала. Носев и кралска н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg