Од Австралија до Македонија: Нашите познати личности во празнично издание
- Детали
- четврток, 26 декември 2024
Некои веќе го прославија католичкиот Божиќ како Александра Пилева во САД, други само се подготвуваат за празниците со новогодишна фотосесија како Таско и Сара Мејс.
Maрија Петровска, некогашната водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, која живее во Словенија со сопругот и синот, направи прекрасна празнична фотосесија.
За ист потег и прекрасни семејни фотографии, обоени во црвено, се одлучија и Сара Мејс со Димитар Атанасовски и двете деца, како и раперот Таско со сопругата и двете деца.
Во празнично издание, облечена во црвено се фотографираше и младата и талентирана Кики Мукаетова, а во летно издание во Австралија позираа и Ирена Србиновска и Снежана Маркоски Вуд, Македониките кои си пронајдоа сопрузи во реални шоуа.
Пејачката Александра Пилева Чадиев, пак, прослави со семејството во САД, каде живее и работи веќе подолго време.