Моника Црнокрак со дечкото во Италија - разменуваат нежности, ставија катанец пред куќата на Јулија да им ја чува љубовта
- Детали
- среда, 04 декември 2024
На патувањето во Верона, Моника и Виктор ја посетија куќата на Јулија, па ставија црвен катанец, и како што вели легендата, го заклучија за да им ја чува љубовта.
Манекенката и водителка, Моника Црнокрак, обожава патувања, а во моментов е во Италија со својот сакан Виктор.
Тие ја посетија Верона и нејзината околина, па објавија фотографии и видеа на Инстаграм Стори од патувањето - се бакнуваат, се шетаат, уживаат во вкусните италијански специјалитети, пијат аперол.
А кога ја посетија куќата на Јулија, Моника и Виктор ставија црвен катанец, и како што вели легендата, го заклучија заедно за да им ја чува љубовта.
Парот е во врска повеќе од 5 години. Тие не кријат колку се заљубени и кога се заедно постојано се насмеани, блескаат од среќа, разменуваат нежности.
Погледнете повеќе фотографии од патувањето на Моника и Виктор:
А. Ј. | Црнобело