Емакулате - Кенијката од нашите ТВ екрани: „Си дадов отказ од работата учителка и станав водителка“

Најтежок дел ми е изговорот на некои зборови, бидејќи сакам сè да звучи разбирливо за моите гости, но со секоја емисија станувам сè подобра, учам многу нови зборови и тоа е голем плус за мене.

Го сакам тој предизвик, бидејќи сакам да зборувам течно македонски.

View this post on Instagram

A post shared by Emm Blazeska (@emmwandera)

Засега ми оди супер и горда сум на себе, но мора да признаам дека македонскиот е тежок јазик да се совлада.

Најсмешен дел е кога ќе изговорам нешто на погрешен начин и се смееме заедно со гостите, но Ивана е секогаш тука да асистира, и најбитно е дека се забавуваме.

Најсмешна ситуација која сум ја имала досега е на првото снимање, кога гостинка беше Јелена Карлеуша. Знаејќи за каква голема ѕвезда се работи направи да бидам малку нервозна, не знаев што може да очекувам, а сакав сè да излезе перфектно.

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-07.jpeg

Така, во текот на шоуто, сакав да ѝ се обратам со Кралица, но по грешка го изговорив како Клариса, а Јелена помисли дека на тој начин ѝ го изговорив презимето.

Taa ме сопре и почна да го спелува нејзиното презиме, и тоа ме направи уште понервозна, бидејќи помислив дека ја изнервирав со тоа, но всушност се заврши со смеа.

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-02.jpeg

Таа е всушност многу пријатна и одличен соговорник и шоуто излезе перфектно на крајот, всушност беше и во трендинг на социјалните медиуми, што ме прави посебно среќна“.

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-08.jpeg

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-06.jpeg

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-04.jpeg

emakulate-kenijkata-od-nashite-tv-ekrani-si-dadov-otkaz-od-rabotata-uchitelka-i-stanav-voditelka-03.jpeg

Видеа од Емакулате во улога на водителка:

Прочитајте и Емакулате, Кенијка омажена за Македонец: „Мојата свекрва е незаменлива, македонските мажи не знаат да танцуваат“

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тиква зелена, мрш“: Кенијката Емакулате ги учи родителите да зборуваат македонски (видео) „Те обожавам и тебе и твоите родители“, „Јазикот звучи и убаво и смешно“, „Треба...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Дани Димитровска: „Станав мајка на 21 година, сите мои другарки излегуваа во град, јас бев дома со г... „Факт е дека не го гледав бебето сама, имав два пара баби и дедовци, кои секогаш...
Миа Костова со шеговита објава ја покажа трансформацијата на телото: „Бев како ’морж на плажа‘“ „Секогаш, секогаш кога ќе ми пишете дека сум баш убава курпничка, помислете на с...
Кенијката Емакулате со хит видео за македонските таксисти: „Кога ќе ти се погоди некој што знае сè“ „Ти не си арна“, „Јас би гласал за тебе, ама и да појдеш во Македонските народни...
Водителката Елена Стојановска на 43 години си го исполни сонот: почна да учи балет, настапи во претс... „Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претстават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg