Емакулате - Кенијката од нашите ТВ екрани: „Си дадов отказ од работата учителка и станав водителка“
Најтежок дел ми е изговорот на некои зборови, бидејќи сакам сè да звучи разбирливо за моите гости, но со секоја емисија станувам сè подобра, учам многу нови зборови и тоа е голем плус за мене.
Го сакам тој предизвик, бидејќи сакам да зборувам течно македонски.
Засега ми оди супер и горда сум на себе, но мора да признаам дека македонскиот е тежок јазик да се совлада.
Најсмешен дел е кога ќе изговорам нешто на погрешен начин и се смееме заедно со гостите, но Ивана е секогаш тука да асистира, и најбитно е дека се забавуваме.
Најсмешна ситуација која сум ја имала досега е на првото снимање, кога гостинка беше Јелена Карлеуша. Знаејќи за каква голема ѕвезда се работи направи да бидам малку нервозна, не знаев што може да очекувам, а сакав сè да излезе перфектно.
Така, во текот на шоуто, сакав да ѝ се обратам со Кралица, но по грешка го изговорив како Клариса, а Јелена помисли дека на тој начин ѝ го изговорив презимето.
Taa ме сопре и почна да го спелува нејзиното презиме, и тоа ме направи уште понервозна, бидејќи помислив дека ја изнервирав со тоа, но всушност се заврши со смеа.
Таа е всушност многу пријатна и одличен соговорник и шоуто излезе перфектно на крајот, всушност беше и во трендинг на социјалните медиуми, што ме прави посебно среќна“.
Видеа од Емакулате во улога на водителка:
Прочитајте и Емакулате, Кенијка омажена за Македонец: „Мојата свекрва е незаменлива, македонските мажи не знаат да танцуваат“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело