Татјана Лазаревска со семејството на шетање во САД: Новица топи чварки, им пеат на македонските иселеници
- Детали
- петок, 27 септември 2024
„Семејството е како музика. Неколку високи тонови, неколку ниски тонови, но секогаш најубава песна“, напиша пејачката Татјана Лазаревска, која со сопругот Новица и двата сина неодамна од Австралија отиде во САД.
Фолк-пејачката Татјана Лазаревска, која пред десетина години се пресели во Австралија со сопругот Новица Василевски и двата сина, сега со семејството замина во САД.
Тие се на шетање во Детроит и во посета на пријатели кои живеат таму.
Додека уживаа во друштво на пријателите, тие посетија неколку интересни локации, беа во забавен парк, на крузер...
Се дружеа и во ресторани и во домашна атмосфера, им помогнаа да направат ајвар, а Новица, кој е поранешен пејач на групата „Биоритам“, дури и топеше чварки.
Но, двајцата пејачи имаа и настапи пред македонските иселеници, па меѓу другото, пееја и на забавата по повод 50-годишнината од создавањето на македонската црква во Детроит.
За цело време додека се во САД, пејачите сепак поминуваат најмногу време со синовите, а Татјана постојано споделува фотки и видеа од времето поминато заедно на својот Фејсбук.
Па, така, во една од последните објави, таа повторно покажа како се забавуваат семејно, но и испрати силна порака.
„Семејството е како музика. Неколку високи тонови, неколку ниски тонови, но секогаш најубава песна“, напиша таа.