Тони од 2Бона за анксиозноста: „На 17 години ми препишаа антидепресиви, бев како фикус“

Откако ми кажаа дека не ми е ништо, 3-4 дена бев добар и ништо не ми беше. Одеднаш тоа се претвори во нешто друго, чувствував страв во гради, секојдневно.

Како трема пред да полагаш матура. Трема, која цело време ја чувствуваш во гради, гадно чувство, гори во гради 24/7, не спиеш, мислиш ќе полудиш...

Отидов на психолог, сфатив дека сум анксиозен и со тоа се борев долги години. Се сеќавам во 3-та година, имав преку 300 изостаноци, не дека бегав, не сум бегал ниеднаш, во тој период бев многи смирен, но едноставно не можев да одам. 

Кога гледав луѓе и галама ме фаќаше анксиозност, а што да прават деца во школо освен галама? Им објаснив на директорката и класната и тие ме разбраа, поднесов доказ дека сум бил на психолог, дека не лажам, дојдоа и моите, потврдија.

Во тој период седев само дома, не излегував една година ни до продавница. Единствен човек во тој момент што ми помогна, беше Кун.  Секој ден доаѓаше кај мене, игравме ФИФА и НБА, и пишувавме песни, правевме музика, имавме тогаш такви компјутерски звучници.

toni-od-dva-bona-za-anksioznosta-na-17-godini-mi-prepishaa-antidepresivi-bev-kako-fikus-.jpg

Еден ден, после долго време, ме извадија од дома сите другари, се славеше Нова година, тие организирале на некоја локација, собрале 150 души, ме тераа да дојдам и тоа ми беше прво излегување и ми беше многу чудно.

Од другарите, сите можеби биле покрај мене, но најмногу Кун, нас нè поврзуваше музика, само тоа ме вадеше од таа ситуација, да ствараме, ама не сам, туку јас и он, ми требаше друга енергија да ми даде енергија, бев како фикус.

Во тој момент, на 17 години ми препишаа антидепресиви, пиев апчиња една година. Не можам да кажам дека тие ме извадиле од ситуацијата, не се разбирам, не сум истражувал што се случува и кој им е ефектот, но можам да кажам дека се чувствував како фикус од апчињата. Ми ги убиваше сите чувства.

Психологот многу ми помогна, не психијатар. А кога пиев апчиња одев на психијатар, бидејќи немав пари за психолог, психијатарот беше на плави картони“.

Погледнете го гостувањето на 2Бона (делот со анксиозноста почнува од 47 минута):

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg