„По стапките на тато“ - Роберт Спасенцовски го учи синот да свири, додека Антониа Гиговска работи и вежба
- Детали
- петок, 23 август 2024
Кај Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски секогаш е забавно, па така е и периодов кога Роберт го учи нивниот син Киан да свири. „Лекција број 1“, се пошегува тој на Инстаграм Стори...
И додека Антониа Гиговска работи на снимање на нов музички материјал, како и интензивно се грижи за својот фит изглед, нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски минува време со нивниот син Киан (1) дома и го учи да свири.
Тие двајца одлично се забавуваат, а дали Киан ќе го наследи музичкиот талент од мама и тато останува да видиме.
Русото момче, личи на двајцата, а парот одлучи да ѝ го покаже неговотo лице на јавноста, дури откако тој наполни една година.
С. С. | Црнобело