Се слави Голема Богородица – Заштитничка на бремените жени, мајките, но и на рударите

На Голема Богородица традиционално се прават собири низ повеќе македонски градови и населени места, а рударите денес организираат прослави и го слават својот ден. Какво значење има празникот Голема Богородица и како вообичаено се прославува?

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-01.jpg

На 28-ми август секоја година, традиционално православните христијани го слават празникот Успение на пресвета Богородица, во народот познат и како Голема Богородица.

На денешен ден именден празнуваат Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана…

Овој празник се смета за еден од 12-те најголеми христијански празници и заради тоа кај нас е прогласен и за неработен ден за граѓаните од христијанска вероисповед.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-02.jpg

Овој е најголемиот од неколкуте празници кои се посветени на мајката на Исус Христос, а на денешен ден се слави смртта на Марија и нејзиното воскреснување. Впрочем и самиот збор „успение“ значи искачување.

На фреските празникот најчесто ја прикажува Богородица на смртната постела, опкружена од Апостолите и Исус кој во раце го држи нејзиниот дух во форма на новороденче.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-03.jpg

Со оглед на тоа што постои особена почит кај верниците кон мајката божја, овој празник во многу градови во државата се прославува со големи народни собири.

Според народните верувања Богородица е заштитничка на мајките на новороденчиња и им помага на жените при породувањето.

Исто така, голем број жени кои немаат деца, веруваат дека молитвата кон мајката Божја ќе им помогне, па затоа на денешен ден ги посетуваат црквите и манастирите посветени на неа.

Исто така, се смета дека Богородица е заштитничка на рударите, па на овој ден македонските рудари традиционално организираат прослави и собири.

На овој празник му претходи двонеделен пост, кој започна со празниците познати и како Макавеи во народот.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-05.jpg

На овој празник, домаќинките во голем број македонски градови традиционално прават празнична погача, се верува дека на овој ден не треба да се работи, а задолжително треба да се оди во црква и да се запали свеќа за здравје.

Исто така, голем број верници на денешен ден носат дарови во црквите, како зејтин, облека и други предмети.

Инаку, Пресвета Богородица се смета за заштитничка на градот Скопје. По тој повод во текот на денешниот ден ќе има собири во црквите на Матка и во центарот на градот.

А народни собири има и во повеќе други градови, како Лешочкиот манастир во Тетово, во Берово, како и во голем број други македонски градови.

se-slavi-golema-bogorodica-zashtitnichka-na-bremenite-zheni-majkite-no-i-na-rudarite-04_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тони Михајловски прослави 13 години брак, Kристина Димитри во џакузи со дечкото: Што прават македонс... Мелани Тарчуловска ужива на Мајами, Kaтарина Ивановска беше на забава со саканио...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Се слави празникот „Мала Богородица“ – Во Скопје донесена чудотворна икона од Хиландар Во Скопје ќе биде донесена света чудотворна икона од Хиландар, а во храмовите ќе...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Македонски парови кои јавно ја покажуваат љубовта – бакнежи, емотивни посвети „Колку си убава жено, во 100 животи пак би те одбрал“ – напиша Димитар Атанасовс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg