„Вие сте нашите амбасадори“ – Македонски средношколци освоија сребрен и бронзен медал на Олимпијада по хемија

„Повторно нѐ направивте среќни и горди“ – им порачаа наставниците на нашите средношколци кои на Македонија ѝ донесоа уште два медала. Овојпат по хемија...

vie-ste-nashite-ambasadori-makedonski-srednoshkolci-osvoija-srebren-i-bronzen-medal-na-olimpijada-po-hemija-01.jpg

Најмногу нè радуваат успесите на нашите млади и талентирани деца, кои со своето знаење ја претставуваат нашата држава, а назад се враќаат со медали, признанија и дипломи.

Вестите за нивните успеси, секојдневно ни докажуваат дека ние имаме талентирана младина со која можеме да се гордееме, а доказ за тоа се и големите достигнувања на научните Олимпијади.

По убавите вести за успесите на нашите ученици на Олимпијадите по математика и физика, и нашите млади хемичари нè израдуваа.

Сојузот на хемичарите (и технолози) на Македонија, вчера на својата Фејсбук страна објави вест за успехот што нашите средношколци го постигнаа на Интернационалната олимпијада по хемија, која се одржува во Ријад, Саудиска Арабија.

vie-ste-nashite-ambasadori-makedonski-srednoshkolci-osvoija-srebren-i-bronzen-medal-na-olimpijada-po-hemija-02.jpg

Годинава, на натпреварот учествувале Иван Костевски и Марио Ванчоски, ученици на гимназијата „Славчо Стојменски“ од Штип, Елена Живаљевиќ од училиштето „Јахја Кемал“ од Скопје и Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

vie-ste-nashite-ambasadori-makedonski-srednoshkolci-osvoija-srebren-i-bronzen-medal-na-olimpijada-po-hemija-03.jpg

Најголем успех меѓу нашите олимпијци постигна Петар Мирчески, кој во Македонија се враќа со сребрен медал, додека штипскиот гимназијалец Марио Ванчоски освои бронзен медал.

vie-ste-nashite-ambasadori-makedonski-srednoshkolci-osvoija-srebren-i-bronzen-medal-na-olimpijada-po-hemija-04.jpg

Покрај големиот број честитки и пораки за поддршка, на официјалната Фејсбук страница на штипската гимназија „Славчо Стојменски“ се огласи и наставниот кадар, кој порача:

„Прекрасни вести од Ријад, Саудиска Арабија, од 56 Интернационална Олимпијада по Хемија, нашиот Марио Ванчоски освои бронзен медал.

Повторно нѐ направивте среќни и горди Марио и Иван, сите ученици и вработени од СОУ Гимназија Славчо Стојменски се радуваат за вас, вие сте нашите амбасадори!“

🍀🍀🍀Прекрасни вести од Ријад, Саудиска Арабија, од 56 Интернационална Олимпијада по Хемија, нашиот Марио Ванчоски освои...

Posted by СОУ Гимназија "Славчо Стојменски" Штип on Monday, July 29, 2024

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Браво! Македонски ученици освоија 1 златен и 2 бронзени медали на Математичка олимпијада Дамјан Давков во 2021-ва, на само 13 години го освои првиот сребрен медал на Инт...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg