Антониа без шминка, Киан се смее срамежливо - Пејачката покажа како се забавува дома со синот
- Детали
- четврток, 25 јули 2024
Откако синот на Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски наполни 1 годинка, пејачката почна да го покажува неговото лице и на Инстаграм Стори сподели видео како се забавуваат кога се дома...
Антониа Гиговска, која пред една година го роди синот Киан, постојано вели дека тој ѝ е најголемата среќа и дека не знае што би правеле таа и Роберт без него.
Откако Киан наполни 1 година (14 јули), таа и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски, почнаа да го покажуваат неговото лице.
Па така, Антониа преку Инстаграм Стори сподели мали моменти од нивното дружење дома и како се чуваат кога се сами.
Додека на телевизорот одат цртани филмови од детски канал, Антониа и Киан си играат и се забавуваат.
Пејачката во раката држи ветерница-цвет во различни бои и ja врти, а Киан се смее на цел глас.
„Како ја гушкаш мама?“, го прашува таа и Киан ја прегрнува, а потоа се смее по малку срамежливо.
Тој ја бакнува мајка си и повторно се смее на цел глас.
„Многу љубов, ама само кога тој сака“, напиша Антониа на видеото на Стори.
Инаку, пејачката на видеото е без грам шминка и изгледа прекрасно.
Таа неколкупати изјавила дека да може, никогаш не би се шминкала, но професијата не ѝ го дозволува тоа.
А. Ј. | Црнобело