Јелена Спенџарска на гости кај другарка на Санторини: „Ова е рај, не е реално колку е убаво“
- Детали
- недела, 16 јуни 2024
„Не плашете се, кремата која што ја ставам потемнува на сонце, раните се во ред“ – вели Јелена Спенџарска во видеото од Санторини. Се гледа дека таа и саканиот уживаат во престојот таму, но инфлуенсерката мака мачи со темните рани на вратот што никако не може да ги скрие.
Нашата ТВ водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска деновиве ужива на одмор на една од најпознатите туристички дестинации во Грција, Санторини.
Оттаму, Јелена сподели повеќе фотки и видеа, на кои може да се види бескрајното синило на морската шир, идиличните бели куќички и вулканските карпи по кои е познат овој остров.
Веќе по првиот ден поминат таму, Јелена е полна со импресии кои ги сподели со нејзините следбеници на Инстаграм.
„Се враќаме од ручек накај дома и му викам на Лукас: ‘Значи, не можам толку многу убавина човече, очите не ми примаат повеќе, не се поднесува ова’ и тоа е се што треба да знаете од мојот прв ден на Санторини.
Не сакам ни да знам што ќе следува понатаму, препуштена сум максимално. Ова е рај, ова не е реално колку е убаво“ – напиша таа.
Инаку таа мака мачи со кремата што ја мачка за раните на вратот, па сама појасни дека таа потемнува на сонце и изгледа пострашно отколку што навистина е.
„Не плашете се, кремата која што ја ставам потемнува на сонце, раните се во ред“.
Со овие зборови Јелена го започна своето видео во кое одговараше на прашања од следбениците.
„Ние овде не сме дојдени преку агенција, туку приватно, има директен лет од Солун за Санторини. Се лета околу 1 час и половина и тука сме сместени кај другарка на Лукас, на гости сме, иако овој комплекс се издава. Затоа и не знам да ви кажам како се движат цените“ – појасни Јелена.
Инаку таа сподели повеќе фотки од плажите, од вкусните специјалитети во кои имале можност да уживаат, како и од убавината на самиот остров.
Погледнете ги во продолжение: