Вирален статус на македонска професорка: „Што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили за матура?“

„Препишувале децата на државна матура. А што очекувавте од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) вршат притисоци, од прво одделение па натаму, за повисока оценка наместо да работат со децата?“ - вирален статус на македонска професорка, кој ги подели мислењата. 

viralen-status-na-makedonska-profesorka-shto-ochekuvate-od-deca-chii-roditeli-im-kupuvaat-skapi-avtomobili-za-matura-01.jpgфото: Фејсбук / depositphotos.com

Многумина се согласуваат дека во македонското образование многу работи веќе одамна се изместени и вредностите се целосно изгубени, обострано - и од страната на децата и родителите, но и од страната на системот.

Токму на оваа тема се огласи и пијанистката, композиторка и професорка на Факултетот за музичка уметност, Дарија Андовска, која овојпат се осврна на проблемот кај дел од родителите. 

Нејзиниот остар Фејсбук статус вирално се споделува, а гласи:

Препишувале децата на државна матура.

А што очекувавте?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
вршат притисоци, од прво одделение па натаму,
за повисока оценка наместо да работат со децата?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
никогаш не им дале доверба и одговорност,
туку напротив, ги пишуваат нивните домашни задачи?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
од матурските прават свадби, им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
ќе ги вработат благодарние на нивните врски,
а не поради тоа што децата инвестирале во себе, го научиле и ќе го научат?

Од дома почнува сè.

Препишувале децата на државна матура. А што очекувавте? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на...

Posted by Darija Andovska on Monday, June 3, 2024

Додека во коментари многумина се сложуваат со професорката и вирално го споделуваат статусот, има и такви кои сметаат дека проблемот не е во родителите, туку во целиот систем. 

Каков е вашиот став? 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секоја чест! Миа Костова собра преку 250 донации за лекувањето на Леонид за само 5 часа „Уште немаме увид во продажба, но не можам да ви објаснам колку сум горда на ови...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg