Тамара Тодевска и Лука не ја кријат љубовта - Се бакнуваат заљубено, уживаат во Мадрид
- Детали
- петок, 29 март 2024
„Љубовта те менува на најубав начин“, ѝ напишаа фановите на Тамара, откако објави нови фотки на кои се бакнува со својот дечко Лука на патувањето во Мадрид.
Тамара Тодевска и нејзиниот дечко Лука Радовиќ се во Мадрид, каде што вечерва (29.03), таа ќе пее на предевровизиска забава.
Настапот на Тамара е најавен од поодамна, а дека ќе настапува во шпанската престолнина, преку Инстаграм Стори сподели и нашиот амбасадор во земјата.
Тамара на патувањето отиде со својот дечко, архитектот Лука, па двајцата веќе споделија неколку фотографии и видеа, но најмногу внимание привлекоа оние на кои се бакнуваат и јавно ја покажуваат љубовта.
„Најубав пар. Тамара, време е да сјаеш“, „Љубовта те менува на најубав начин“, се дел од коментарите што ѝ ги оставија фановите.
Но, имаше и такви кои ѝ напишаа дека ја обожаваат, дека се евровизиски фанови и дека допатувале во Мадрид само поради нејзиниот настап, да ја гледаат во живо.
Организаторите на забавата, пак, ја најавија како „Големата евровизиска дива“.
https://www.instagram.com/p/C4oUW4gNTHg/
Тамара нè претставуваше двапати на Евровизија, и тоа во 2008 со Адријан Гаџа и Врчак кога ја пееја „Во име на љубовта“, а потоа настапи и сама во 2019 со Proud. Таа пееше неколкупати на Евросонг и како пратечки вокал.