На кафе и дневен весник во Sinatra Specialty Coffee: Уникатен локал во срцето на Скопје
- Детали
- вторник, 20 февруари 2024
Ако сакате да го разлистате дневниот весник додека го пиете првото утринско кафе, како во старите времиња, Sinatra Speciality Coffee ќе ви ја разбуди носталгијата...
Sinatra Specialty Coffee е необично кафуле во Скопје.
Сместено во Центар, во близина на Универзална сала, ова интересно место ќе ве дочека со дневен весник, кој можете да си го прочитате раат.
А додека читате, освен во вкусното кафе, ќе можете да уживате и во пријатната атмосфера што ја создава самиот ентериер - винтиџ мебел и парчиња кои се од времето на нашите баби, но и модерни натписи со лед светла и графити исцртани на ѕидовите.
Сето ова е дополнето со неколку фотографи од легендарниот Френк Синатра, чие име е инспирација за името на локалот.