Каде се и како изгледаат денес учесниците на првиот „Македонски идол?“
Христијан Тодороски
Христијан, кој е роден во Прилеп, потекнува од музичко семејство и желбата за музика и талентот кај него се појавиле уште како мал.
На 18-годишна возраст учествуваше во „Македонскиот идол“, а по завршувањето на шоуто направи договор со продукциската куќа „Mak Music“ под раководство на Јован Јованов и Кристијан Стефановски.
Кико долги години години е повлечен од естрадниот живот, а денес живее во Обединетите Арпаски Емирати и работи во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот - Salt Bae.
Мики Секуловски
Велешанецот Мики Секуловски публиката го памети како еден од најдобрите вокали на „Македонски идол“, кој направи голем „бум“ и во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Неколку години живеел надвор од Македонија и работел како келнер, со цел финансиски да му помогне на своето семејство, а учествуваше и во музичкото шоу „The Voice“ во Белгија.
Учеството во „Ѕвездите на Гранд“ му донесе голема популарност низ целиот Балкан.
Лаура Крлиу
По завршувањето на „Македонски идол“ Лаура сними неколку песни на македонски јазик, но денес е фокусирана на својата музичка кариера во Албанија и Косово.
Лаура ја препеа и „Јовано, Јованке“ за потребите на турската серија „Балканска приспивна песна“, која се снимаше во Скопје.
Денис Мурат
Охриѓанецот Денис успеа да се избори да стигне до финалето, односно во првите пет во шоуто.
Иако долги години работи како службеник во компанијата ТАВ, музиката и понатаму е негова најголема љубов и редовно има свирки во клубовите низ Македонија.
Заедно со сопругата Стефанија ги имаат синовите Каин и Теон.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм, Фејсбук