Македонка објави магични фотки од Аурора Бореалис во Норвешка
- Детали
- вторник, 02 јануари 2024
„За широки хоризонти и нови свесни авантури“ – авторката и тренер за личен развој, Катерина Ангеловска на своите следбеници им ја честита новата година со фотки од поларната светлина во Норвешка.
Аурора Бореалис е нешто што задолжително треба да се види ако одите на патување во Норвешка, а нашата авторка Катерина Ангеловска објави магични фотки од феноменот на Инстаграм со кои им ја честита новата година на своите следбеници.
Катерина Ангеловска е тренер за личен развој и авторка на книгата „Будење на свеста“, а овој пат на своите следбеници на Инстаграм одлучи да им ја честита Нова година со фотки направени во Норвешка на кои се гледа магичната поларна светлина или попозната како Аурора Бореалис.
„За широки хоризонти и нови свесни авантури. Среќна нова 2024 година“ – напиша таа до фотографиите.
Зелената поларна светлина изгледа магично, а таа на 1-ви јануари годинава објави уште едно Инстаграм Стори на кое се гледа залезот на Сонцето во 2 часот попладне и на видеото откри дека во моментов температурата таму е -12 степени.
„Иако овде веќе се стемнува за мене е добар ден“, пишува на објавата.