Проф. д-р. Марија Ралева за траумите кај децата по насилната смрт на Вања: „Тагувањето е процес на исцелување, што може да се очекува?“

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-04.jpg

Таа нагласува дека процесот на тагување има свои задачи, и повикувајќи се на теориите на Вилијам Ворен се обидува да ни објасни кои знаци и симптоми може да ни укажат дека нашите деца или ние се соочуваме со траумата и преку процесот на тагување се обидуваме да се справиме со силните емоции и чувства.

1. Прифаќање на реалноста на смртта

Честопати очекуваме починатата личност да влезе, да седне на своето место во клупата, или да каже нешто.

Човечкиот ум не е во состојба одеднаш да ја интегрира загубата, и честопати се чини како да изведува трикови со нас. Потребно е извесно време да се разбере целосната реалност дека таа личност нема повеќе да биде со нас. 

2. Доживување на болката од загубата

Болката поради тагувањето допира повеќе аспекти на нашето битие.

Многу адолесценти, деца, имаат тешкотии со јадењето, спиењето, главоболки и стомачни болки, затегнати мускули, подложност на физички замор или други телесни симптоми.

Емоционалниот интензитет варира во сооднос со блискоста и односот со загубената личност, начинот на кој починала (особено насилството е дополнителен трауматичен фактор што предизвикува длабока болка, лутина и страв), и особено е длабока кога станува збор за загуба на дете.

Да се помине низ целиот процес на тагување значи да се соочиме со нашите чувства отворено и искрено, да ги изразиме и искажеме и да ги растовариме потполно за да може раната да зарасне.

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-05.jpg

3. Адаптирање на средината во која другарот/дргарката ни недостига, особено на училиште, надвор, во слободно време, при дружење и забавување.

Смртта на саканиот/ната другар/ка може да го наруши чувството за себе и светот наоколу. Кога се однесува на адолесценти кои загубиле другар/ка се доведува во прашање и начинот на кој тие се гледаат и се доживуваат себеси.

Кој може да ја замени таа личност, кој може како неа да обезбеди другарот/другарката да се чувствуваат пријатно, задоволно, исполнето, посебно?

Адолесцентите справувајќи се со секојдневните предизвици на периодот на развојот во кој се наоѓаат, прашувајќи се кој/а сум јас, што сакам да станам, кој ќе ги придружува во тоа трагање по сопствениот идентитет кога другарот/другарката го/ја нема.

Особено во потрагата по смислата на животот соочувајќи се со бесмислата на смртта можат да дојдат до поразителни сознанија.

Присуството и водството од страна на возрасен кој се грижи и дава чувство на поддршка и сигурност е од особено значење и тоа треба отворено да се каже и потврди.

4. Емоционално преместување на починатата личност и продолжување со животот

Болката заради загубата може да трае долго.

Тагувањето може да поттикне сеќавања на настани споделувани со починатиот другар/ка и да се присетува на животот на таа личност со ритуали кои можат да ја олеснат интензивната емоционална приврзаност.

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-07.jpg

Според професорката, и за најрезилиентниот адолесцент загубата на близок пријател, другар е голема болка и голема неправда.

„Може да се јави чувство на силна лутина кон другите, светот, возрасните, чувство на болка и страдање.

Групната меѓусебна поддршка на адолесцентите е од големо значење за да постигнат рамнотежа на патот на процесот на тагување.

Затоа е потребно одржување на неколку групни средби со адолесцентите низ кои ќе ги изразат своите чувства, ќе зборуваат отворено за своите доживувања и ќе се потсетуваат на миговите минати со значајната личност која ја изгубиле“ – појаснува таа.

На адолесцентите е потребно да им се овозможи:

  • да учествуваат во ритуалите на тагување заедно
  • дозвола за покажување на чувствата, именување на чувствата и разбирање и нормализирање на чувствата
  • одржување на почести средби и поблизок контакт на врсниците
  • возрасните да ги следат децата, да бидат тука за нив, да им одговорат на нивните прашања соодветно, без мистификации, конкретно, но со покажување на прифаќање и утеха.

prof-d-r-marija-raleva-za-traumite-kaj-decata-po-nasilnata-smrt-na-vanja-taguvanjeto-e-proces-na-isceluvanje-koi-se-stadiumite-i-shto-mozhe-da-se-ochekuva-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ирина Дишовска објави дека чека второ дете со Павле Камилоски – 1 година по раѓањето на синот „Уште едно бебе е на пат“ – напиша Ирина Дишовска до фотките на Инстаграм, со ко...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg