Таско со емотивна исповед: „Се обвинував себеси што го изгубивме првото бебе, пред да се роди Лукијан ни кажаа дека можеби има Даунов синдром“

Кога забремени со Лукијан, колку и да бевме среќни, решивме да не кажуваме на никого и да криеме. Имав страв со месеци да не ни се случи пак истото.

Во еден момент одиме на преглед и лекарите ни велат: ‘Можно е бебето да има Даунов синдром’

Ги прашав како знаат и ми објаснија дека носот му е малку поинаку развиен, па зедоа примероци од крвта.

Сакаа да испитаат и колку е ризична бременоста на Наташа, бидејќи таа веќе има 32 години.

tasko-ispoved-05_copy_copy.jpg

Сето тоа се случуваше на 30 декември 2022.

Резултатите требаше да ги чекаме ден-два, а ни рекоа дека може да дојдат и по Нова година.

Не можам да го опишам чувството, јас дента не можев да издржам, не да чекам до после празници.

Се возиме накај дома, а јас почнав да се помирувам со фактот зашто знам дека не е нешто што можам да го спречам.

На Наташа ѝ велев да не се замара, а јас во глава си ставив дека ќе го растам детето и со Даунов синдром.

Наше дете е, нека се роди како што треба, па ќе бидеме родители на дете со Даунов синдром,“ ѝ реков.

tasko-ispoved-04.jpg

На 31 декември добивме резултати дека нема ризик.

Направивме нови испитувања, ја снимавме главата на бебето, сè беше океј.

Излезе дека носот најверојатно од некој од нас го има наследено.

Вечерта за Нова година се опијанив и од 1 јануари 2023 живеам друг живот, без алкохол, посветен на семејството, смирен, ваков каков што сум денес“, раскажа Таско.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Трогателна објава на Македонка: „Да се бориш со канцер е страшно, да се бориш втор пат со канцер е п... „Како се гледам после операцијата и губењето на двете гради? Најнормално, женств...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg