„Најмило девојче мое, светлина да бидеш“ – Ева Нединковска го прослави 7-иот роденден на ќерката
- Детали
- петок, 03 ноември 2023
Со тематска забава, аниматори, многу дечиња и интересна песничка посветена на нејзината наследничка, пејачката Ева Нединковска го прослави седмиот роденден на ќерката Ена.
Ќерката на поранешната пејачка Ева Нединковска, Ена, го прослави 7-иот роденден со семејството и другарчињата во игротека. Забавата беше тематска со боите на виножитото.
На Инстаграм стори, Ева објави неколку фотографии од подготовките за роденденот, но и со ќерка си, која според темата на забавата, ја дотера во фустан од тул во пастелни бои, во стилот на виножитото.
За себе, пак, избра триделен костум во циклама боја – панталони, елек и палто.
На журката со многу дечиња имаше и аниматори, кои се погрижија децата да си поминат убаво и да уживаат во забавата.
Пред роденденската забава, некогашната пејачка на Фејсбук објави и песничка за ќерка си.
„Денес Ена наполни седум,
утре забава 7-ма ќе биде редум.
Среќен роденден, најмило девојче мое!
Радосна, здрава и сакана да си!
Сол и светлина да бидеш“, напиша таа.
Покрај песничката, Ева објави и серија фотографии од сите претходни родендени на Ева, од првиот до шестиот и се потсети на сите досегашни прослави.
https://www.facebook.com/eva.nedinkovska/posts/pfbid0TNqyUoZ671PgEMjCNgD4yRnRXM28pGRS6oZ8YcHu5v76yH1TAa9zzT7SSvSUHMWcl
А. Ј. | Црнобело / Фејсбук