Во екот на популарноста се повлече од музичката сцена - Каде е денес и што прави Ева Нединковска?

Повеќе од 12 години не е дел од македонската музичка сцена, но публиката и понатаму ја памети. Естрадниот живот е зад неа, а денес успешно плови во бизнис водите и е целосно посветена на својата ќерка.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-01_copy.jpg

Атрактивната и убава русокоса која за кратко време со својот талент за музика ја освои македонската публиката кон крајот на 90-те, денес е успешна жена-претприемач, која се труди да биде поттик и инспирација за лицата со кои соработува.

Ева Нединковска професионално започна да се занимава со музика на 18 години, а од останатите пејачки во тоа време се издвојуваше по тоа што секој нејзин настап беше осмислен до перфекција.

Освен што одлично пее, таа е и текстописец и многу од нејзините песни самата си ги има напишано.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-08.jpg

Скоро на секој фестивал на кој настапуваше освојуваше награда за најдобра сценска изведба.

Иако релативно млада, Ева беше максимално професионална и имаше предиспозиции да стекне популарност и надвор од нашите граници.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-10.jpg

Генерацијата од 90-те добро ги памети нејзините песни „Дали денот ќе е рај“, „Слатка треска, „Од утре или задутре“, Таан и мед“, „Енигма“.

„Енигма“ е нејзиниот најголем хит кој долго време беше на прво место на сите топ листи во земјава.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-09.jpg

Работеше посветено и со многу љубов и се чинеше дека најдоброто допрва доаѓа, но нејзината одлука беше поинаква.

Реши целосно да се повлече од естрадата, прекина да дава интервјуа, да закажува настапи и гостувања и започна ново поглавје.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-03.jpg

Од 2011 година е сопственик на Центарот за обука „Ева“. 

Денес е успешна деловна жена, а приватно посветена и грижлива мајка.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-03_copy.jpg

Од бракот со веб-дизајнерот Јурак Петров ја има ќеркичката Ена, која во ноември ќе наполни 7 години и веќе е второ одделение.

Ева е активна и на социјалните мрежи каде често споделува и моменти од нејзиното секојдневие и семејството.

Естрадниот живот веќе е минато за Ева, која среќата ја наоѓа во времето поминато со Ена, со најблиските и во природата.

vo-ekot-na-popularnosta-se-povlece-od-muzickata-scena-kade-e-denes-i-sto-raboti-eva-nedinkovska-02.jpg

Повеќе фотографии од Ева погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg