Инфлуенсерка од Свети Николе си приреди тематска фотосесија за 25-тиот роденден - сирена аутфит, торта со школки (фото)
Горниот дел од облеката го купив како обичен бел топ, па купив бисери и школки и го везев сама. Школките и бисерите ми беа неизоставен дел кога веќе темата беше сирена и вода.
Долниот дел или поточно сирена здолништето и пераите ми ги изработи @ateliermaksimova. Двете сме усогласени и таа е секогаш тука за да ги реализира моите идеи.
Тортата беше бела и исто декорирана со школки и бисери, изгледаше нежно и убаво.
Прво, замислата беше фотосесијата да се реализира на вода и секако ќе се случеше истата на Матка во Скопје, но, за жал, кога стигнавме таму не се погодија временските услови, па истата моравме да ја сликаме во студио.
Едноставно некои работи не може да ги контролираме, да имаме влијание врз нив и да зависат секогаш од нас.
Но, на крај бев навистина задоволна од резултатот“.
Прочитајте и Инфлуенсерка од Свети Николе си приреди тематски 24-ти роденден - торта со сончогледи, впечатлив фустан (фото)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело