Инфлуенсерка од Свети Николе си приреди тематска фотосесија за 25-тиот роденден - сирена аутфит, торта со школки (фото)
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
„Горниот дел од облеката го купив како обичен бел топ, па купив бисери и школки и го везев сама. Школките и бисерите ми беа неизоставен дел кога веќе темата беше сирена и вода...“, открива Јована Трајковска (25) од Свети Николе за CRNOBELO.com, која секоја година си организира тематски роденденски фотосесии.
Јована Трајковска (25) од Свети Николе студира на Медицинскиот факултет во Скопје, а голем дел од своето време го користи и за креирање содржина и работа на Инстаграм.
Таа секоја година си приредува тематски родендени, па така беше и годинава, кога како тема за роденденската фотосесија избра морски мотиви, односно таа е во костум на сирена и има торта со школки.
За изборот Јована споделува за CRNOBELO.com:
„Јас сум човек кој што отсекогаш ги сака родендените и гледам на тој ден како посебен, па покрај славење и забава со блиските и пријателите, гледам да го одбележам и со реализирање на фотосесија по претходно осмислена содржина и своја идеја.
Претходните родендени секогаш фотографиите ми беа во свечени фустани и тема според бојата што мене ми се допаѓа во моментот или ме потсетува на нешто што мене ми значи во моментот.
Сега, сакав да одам чекор понапред и да реализирам нешто што ќе биде многу пооригинално, а сепак за мене ќе има свое значење и ќе го избегне тоа да личи на маска за 1-ви Април.
Искрено, долго време размислував што ќе биде темата годинава, затоа што мојата цел беше сепак таа фотосесија и фотографиите да пренесат некаква порака, ако ништо друго барем за оние кои што знаат да „читаат меѓу редови“, затоа и се одлучив за сирена, а не да сум пеперутка (ха ха).
Верувам во хороскоп и не би било така да не би ми се вклопиле многу работи што се поистoветуваат со Зодијакот.
Независно од мојот знак и подзнак, Водолијата е дел од месечината во моментот кога сум се родила, и некако позадински секогаш ме туркала напред и ме предизвикувала на нови и оригинални идеи.
Па, така сакав да ѝ дадам некое значење за овие 25 години, а кога ќе помислам на Водолија, првото што ми доаѓа на памет е сирената.
На почетокот мислев дека нема да успеам да реализирам, од причина што не секогаш зависи сè од нас, но за мене никогаш не претставувало тешкотија или товар за да направам нешто што ќе замислам.