Лила ја истражува Виена – сними моден едиторијал, се воодушеви од вкусот на Захер тортата, проба бечка шницла
- Детали
- вторник, 01 август 2023
Боса, во розов фустан со тул, Лила трчаше низ улиците на Виена и почувствува како е да се биде вистински модел...
Водителката и инфлуенсерка Лила Филиповска само што се врати од патување во Турција, па замина во Виена, Австрија. Таа е таму на покана на сестрите Анастасија и Елизабета Трајковски, кои имаат своја модна линија и кои посакаа нашата водителка да им биде заштитно лице за новата колекција.
Лила, не го криеше воодушевувањето од облеката што ја носеше на фотосесијата, но и од улогата на модел.
Таа на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата на снимањето и ја најави оваа соработка.
Боса, во розов фустан, Лила трчаше низ улиците на Виена и почувствува како е да се биде вистински модел...
Но, Лила ја искористи посетата на Виена и да проба некои од најпознатите локални специјалитети – бечка шницла, за која рече дека не можела да биде поголема, но и од најдалеку прочуената Захер торта.
„190 години добро чувана тајна на рецептот за оригиналната Захер торта“, вели Лила.
Таа освен што објави фотка од слаткиот специјалитет, покажа и колава е гужвата за влез во ресторанот, но откри и дека таа резервирала место два дена претходно, па не морала да чека.
Водителката го искористи времето во Виена и за туристичка прошетка низ градот, да ја посети катедралата Св. Стефан, а најде време и да се посонча на терасата на хотелот каде што беше сместена, и од каде што има преубав поглед на австриската престолнина.