Со ора и мекици во кафеана, сопругот на Антониа Гиговска славеше за раѓањето на синот Киан
- Детали
- вторник, 18 јули 2023
Со музика во живо и многу гости во кафеана, Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа Гиговска, направи мекици за раѓањето на синот Киан. Пееше цела вечер, а на Антониа ѝ ја посвети песната „Ја без тебе не могу да живим“.
Вчеравечер (17.07) музичарот Роберт Спасенцовски, сопругот на Антониа Гиговска, правеше мекици за раѓањето на синот Киан.
Прославата беше во скопска кафеана, со многу пријатели и роднини, имаше музика во живо, а се играа ора и се пееше на цел глас.
На прославата Роберт не престана да пее и да се забавува, а цела вечер објавуваше и видеа на Инстаграм.
Тој ја испеа „Ја без тебе не могу да живим“ од Халид Бешлиќ и песната ѝ ја посвети на сопругата Антониа.
Но, запеа таткото на Роберт, Боби Спасенцовски.
„Од татко ми за мајка ми“, вели Роберт во видеото што го објави на Инстаграм, а на кое е со неговите родители.
Пееја и некои од гостите музичари, а меѓу нив и Филип Божиновски и Филип Пешевски, кои се добри пријатели на парот.
Меѓу гостите беше и шминкерот Даниел Николовски, кој е долгогодишен соработник на Антониа, но и нејзин пријател, па и тој објави фотка од прославата.
За потсетување, пејачката стана мајка на 14-ти јули и го роди синот Киан. Таа брзо по породувањето објави фотографии од болница и му посвети емотивна порака на бебето.
„Сакавме малку момент за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 наутро ова мало глувче ми докажа за што вреди да живееш.
Ти си мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и тато и никогаш нема да те остават сам. Ве гушкаме и одиме ние да се гушкаме“, напиша тогаш Антониа на Инстаграм.
Таа вчера (17.07) објави и фотографија од болница на која е нашминкана и подготвена да си замине дома со бебето.
Па додека нејзиното семејство се забавуваше на мекици, таа споделуваше фотки од забавата на Инстаграм Стори им се заблагодари на гостите, но и на екипата која се погрижила за декорациите на кафеаната.