Славчо Попоски, метеоролог: „Нè очекува влажно и нестабилно лето, со многу непогоди, поплави и штети“

„Феноменот 'Ел Нињо' ќе донесе многу влажно и нестабилно време, со многу временски непогоди. Топлотните бранови ќе бидат пократки ова лето, но сепак нормално дека ќе ги има. Сè на сè, во иднина да се навикнеме на временски непогоди и поплави“, открива метеорологот Славчо Попоски за CRNOBELO.com.

slavcho-popovski-meteorolog-ne-ochekuva-vlazhno-i-nestabilno-leto-so-mnogu-nepogodi-poplavi-i-shteti-001.jpg

Сите можеме да се согласиме дека досега не сме виделе толку врнежлив јуни како годинава. Температурите беа релативно ниски во текот на целата пролет, а според експертите истото можеме да го очекуваме и во текот на летото.

Македонскиот метеоролог Славчо Попоски за CRNOBELO.com открива какви временски услови можеме да очекуваме до крајот на оваа седмица, но и во текот на целото лето.

Според него, веќе треба да се навикнеме на нестабилното време кое ќе се чувствува низ цела Европа.

Еден од главните „виновници“ за нестабилното време е феноменот познат како „Ел Нињо“. Ова е всушност зголемување на температурата на водата во Тихиот Океан кое има влијание врз климата во целиот свет.

Феноменот обично се јавува на секои две до седум години и генерално трае од девет месеци до една година.

Појавата на феноменот може да има влијание врз климата на целата планета.

slavcho-popovski-meteorolog-ne-ochekuva-vlazhno-i-nestabilno-leto-so-mnogu-nepogodi-poplavi-i-shteti-02.jpg

Прогнозата на Славчо Попоски:

„Оваа година ќе го одбележи потоплиот феномен 'Ел Нињо'. Овој феномен во цела југоисточна Европа ќе донесе многу влажно и нестабилно лето, и со многу временски непогоди, поплави и штети, и тоа веќе и како го чувствуваме.

Топлотните бранови ќе бидат пократки ова лето, но сепак нормално дека ќе ги има.

Сè на сè, во иднина да се навикнеме на временски непогоди и поплави.

slavcho-popovski-meteorolog-ne-ochekuva-vlazhno-i-nestabilno-leto-so-mnogu-nepogodi-poplavi-i-shteti-05.jpg

Под влијание на циклонот од Средоземјето, сè до крајот на оваа седмица времето во Македонија ќе биде многу нестабилно и со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на изразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Токму поради ова, граѓаните треба да бидат крајно претпазливи, како и да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја во случај на појава на електрични празнења.

Дури е можно и излевање на некои од реките низ Македонија, особено оние помалите.

slavcho-popovski-meteorolog-ne-ochekuva-vlazhno-i-nestabilno-leto-so-mnogu-nepogodi-poplavi-i-shteti-03.jpg

Локално до самиот крај на оваа седмица ќе наврне големо количество на воден талог (над 60/70 л/м2). Постои опасност од нови локални и големи поројни поплави и штети.

Во скопскиот регион исто така ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината исто така е можна појава на невреме и поплавувања.

Температурите на воздухот нема многу да се менуваат и речиси насекаде ќе бидат над 20 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие повремено ќе достигнуваат и до 28 степени“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Анита од Берово се породи, откако докторите ѝ предвидоа 8% шанси за живот: „Софија е моето мало чудо... „Кога првпат ми ја ставија на градите плачев од среќа, бидејќи мислев дека после...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Нов тренд за откривање на полот на бебето кај Македонците – Боење облека со врзани очи По балоните во розова и сина боја, и тортата под чиј бел слој се „крие“ сина или...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg