Понежните половини на браќата од Некст Тајм (фото)
- Детали
- среда, 17 мај 2023
Стефан Филиповски повторно е во Виена со својата сакана Тинеа со која неколку години е во врска, а пак Мартин Филиповски е свршен со ракометарката Андреа од септември 2022-ра, а во љубовта уживаат повеќе од 8 години.
Браќата Стефан и Мартин Филиповски, познати како дуото Некст Тајм, години наназад вредно работат на македонската музичка сцена, а круна на тоа им беше неодамнешната турнеја низ Австралија.
Но, браќата никогаш не го запоставуваат ниту приватниот живот, па секогаш се вистински романтичари кога станува збор за нивните понежни половини.
Стефан е во врска со девојка која на Инстаграм е потпишана како Тинеа, а омилена дестинација им е Виена, од каде и периодов објавуваат заеднички фотографии.
Стефан почна да става фотографии со својата сакана на Инстаграм од средината на 2021-ва година.
Мартин, пак, долги години е во врска со ракометарката Андреа.
Парот е заедно од 2015 година, барем според фотографиите на Инстаграм, а во септември 2022-ра Мартин ја запроси својата сакана.