Татјана Стојановска во Дојран, Слаткар објави фотка со синот за неговиот трети роденден: Што прават македонските ѕвезди деновиве?
- Детали
- вторник, 18 април 2023
Сара Мејс и Димитар Атанасовски беа на велигденско кампување со децата во селото Лупште во близина на Македонски Брод, каде се дружеа и хранеа магаренце, Живкица Каленикова си направи селфи со Антоанела Рокузо (сопругата на легендарниот фудбалер Лионел Меси), Весна Петрушевска го прослави 20-тиот роденден на синот, a Тамара Тодевска нè претставуваше на предевровизиска забава во Лондон.
Марко Маринковиќ Слаткар му го прослави третиот роденден на синот Моша и напиша:
„Среќен ти роденден Животе мој! Оваа среда ќе го добиеш најскапиот подарок. На 19-ти април, во 19:00 часот излегува мојот нов сингл ‘Насмевка’“.
Тамара Тодевска се огласи од Лондон:
„Четири години по Тел Авив, песната ‘Proud’ сѐ уште живее и е дел од предевровизиските настани. Имавме одлична забава во Лондон“.
Весна Петрушевска му посвети емотивна објава на синот Кирил:
„Нека целата среќа на овој свет ти припаѓа тебе, нека твојата љубов му припаѓа на оној кој најмногу го сакаш, нека сè што е убаво - биде твое! Среќен роденден, срце мое! Среќна 20-ка Кирил, те сакам“.