„Снегот сè уште вее“ - Белград се разбуди под снежна прекривка - Македонец ни ја доловува атмосферата оттаму

„Непредвидливата баба Марта овојпат се премести во април, па на враќање за Скопје и по ноќевањето во Белград, Белград утрово ме поздрави со снег, снег на 4-ти април...“, открива Наце Попов од Скопје за CRNOBELO.com.

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-01.jpg

Наце Попов од Скопје периодов престојува во Белград и ни открива дека утринава (04.04) метрополата на Србија се разбудила под снег.

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-02.jpg

За CRNOBELO.com тој открива:

„Чуден април во Белград...

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-03.jpg

После неколку дена поминати во Истра, Хрватска, на море, сонце, базени, плажа, природата уште еднаш ми покажа колку е моќна и знае често да е непредвидлива, а посебно во последните децении.

Непредвидливата баба Марта овојпат се премести во април, па на враќање за Скопје и по ноќевањето во Белград, Белград утрово ме поздрави со снег, снег на 4-ти април.

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-06.jpg

Овде белграѓаните, исто како и јас, се изненадени, патиките и штиклите, маиците и здолништата мораат да ги заборават денес и да ги заменат со чизми и капути.

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-07.jpg

Како и да е, во предност се во однос на мене бидејќи си се дома, па може лесно да си се преориентираат од пролет во зима (јас не бидејќи, нормално, не си понесов со себе зимска облека за на море).

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-05.jpg

Додека го пишувам ова снегот сè уште вее. Кој знае, доколку се водам по нашето искуство и колку градските зимски служби знаат да се изненадат, а посебно во април, можеби ќе треба непланирано во Белград да си останам и уште еден ден, за санкање“.

snegot-se-ushte-vee-belgrad-se-razbudi-pod-snezhna-prekrivka-makedonec-ni-ja-dolovuva-atmosferata-ottamu-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / фото: Наце Попов

Би можело да ве интересира:

Македонец со сопругата Унгарка и синот води „живот на тркала“ - готват во кампер во Италија, пеат ма... Едит е македонска снаа од Унгарија која веќе одлично се снаоѓа со македонскиот ј...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...
Маврово се разбуди под снежна прекривка (фото) Конечно снегче во Маврово и првите зимски пејзажи... Доаѓа најубавиот период од ...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg