Браќата од „Некст тајм“ ги изгубиле парите, Слаткар го реновирал семејниот стан – На што ги потрошиле познатите парите од првиот хонорар?
- Детали
- сабота, 01 април 2023
Миа Костова првиот хонорар го заработила пред 24 години и си купила дреч зелени штикли, Слаткар од првите поголеми заработени пари го реновирал семејниот дом на родителите, а Мартин од „Некст тајм“ ги загубил првите пари што ги заработиле тој и Стефан... Македонските јавни личности за CRNOBELO.com откриваат како ги заработиле првите пари и на што ги потрошиле.
Повеќето македонски јавни личности првиот хонорар го заработиле уште во тинејџерските години.
Велат, можеби тоа и не биле којзнае колку големи пари, но за нив биле најважни во животот, бидејќи првпат си купиле нешто од пари што ги заработиле самите.
Секој од нив има различна и интересна приказна, која ја споделуваат за CRNOBELO.com.
Во продолжение прочитајте како ги заработиле и на што ги потрошиле парите од првиот хонорар нашите познати личности:
Миа Костова
„Аууу, па тоа е ’99-та година. Не знам дали е прво нешто, ама знам дека беа тогаш многу скапи дреч зелени штикли од ’Шевињон‘. Па така целиот хонорар од ’99 Action‘ си го дадов на едни чевли. Мислам и дека спиев со нив“.
Елена Петреска
„Првиот хонорар ми беше од изборот за Мис Топ модел, а ја пеев ’Симни ми ѕвезди‘. Од тој хонорар си купив рачен часовник“.
Стефан Филиповски, „Некст тајм“
„Јас и Мартин уште не бевме „Некст тајм“, но свиревме акустично во едно кафуле. И сè помина супер. Памтам дека 1.000 денари побаравме за настапот, газдата нè исплати и тргнавме накај автомобилот.
Почна Мартин да вози, а јас му викам: ’Дај парите кај се, да одиме до бензинска да ставиме бензин. А тој да ти ги изгубил, му паднале“.
Кристина Димитри
„Првиот хонорар го заработив на мои 15 години, а парите сигурно сум ги дала за некои штикли. Јас сум личност што реинвестира секогаш кога заработува во професијата.
Така што голем дел од тоа што го заработувам и денес оди во гардероба за настапи, штикли, одржување на самата себе, вложување во музика, песни…
А со дел од парите сакам да ги изненадам најблиските со подарок или некое патување“.
Таско
„Првиот хонорар ми беше на 14 години, бев прва година средно и имавме шоу со паркур, скокавме, правевме салта, такви некои работи и бевме платени од организаторот по некои 3-4.000 денари од човек.
Како што ни ги дадоа парите, во истиот момент отидов да си купам Adidas патики“.