Браќата од „Некст тајм“ ги изгубиле парите, Слаткар го реновирал семејниот стан – На што ги потрошиле познатите парите од првиот хонорар?
Елена Ристеска
„Првите пари ги заработив од музиката, а беа значително помали од сегашните хонорари.
Меѓутоа и само од една песна, беа доволни за тинејџерка од 16 години да се чувствува дека направила голем подвиг, заработила свои први пари.
А хонорарот бил сигурно смешен за да купам што било вредно, па затоа и не се сеќавам“.
Слаткар
„Со првите озбилни пари што ги заработив им реновирав на моите дома, од корен станот комплетно.
Моите желби се секогаш во втор план. Како заработувам пари и денес прво гледам да средам нешто дома, дворот, а дури потоа нешто за мене“.
Влатко Лозаноски
„Искрено, не можам да се сетам што сум купил, но претпоставувам дека сум ги чувал за во иднина да купам подобар инструмент.
Знам дека тоа беше приближно кога имав 13-14 години (тоа е најрано што се сеќавам) на селска слава во кичевско по повод Водици, каде што свирев со мојата тогашна хармоника“.
Лара Иванова
„Од првиот хонорар којшто го добив на фестивалот ’Макфест‘ во 2021 година за најдобра вокална интерпретација, си купив нов мобилен телефон“.
Сара Мејс
„Од првата парична награда што ја освоив на натпревар по композиција, си купив келтска харфа. А за првиот хонорар, искрено, не ми текнува“.
А. Ј. | Црнобело