Никогаш посреќна и позгодна: Северина со извајани стомачни на одмор на Малдиви со синот, по коментарот за бившите сопрузи
- Детали
- четврток, 02 март 2023
Северина во неодамнешно интервју отворено проговори што помислила кога ја видела фотографијата од нејзините поранешни сопрузи - насмеани заедно на одмор... Плус, новите фотки од Малдиви се доказ дека изгледа и се чувствува подобро од кога било.
Северина периодов одмора на Малдиви, а најновата во низата фотографии, кои ги објави оттаму, е доказ дека таа изгледа неверојатно фит.
На 51 година хрватската диваима извајани стомачни мускули на кои многу помлади колешки може да ѝ позавидат, но главната причина за нејзиниот блесок на одморот на Малдиви е што со неа е и нејзиниот син Александар.
Пред да замине на оваа рајска дестинација, Северина отворено проговори во интервју за српскиот магазин „Story“ за нејзините поранешни сопрузи Милан Поповиќ и Игор Којиќ.
Откако беше запрашана за заедничката фотографија на Милан и Игор, направена за време на летен одмор, која го обиколи регионот, Северина одговори:
„Мене првата асоцијација ми беше песната на Фрањо Ласиќ ‘Загрљени’ (Прегрнати). Си помислив... Боже, нереална е оваа нива средба, баш како во стихот ‘Прегрнати ние бевме, изненадно тоа се случи, ниту мене, ниту тебе никогаш така не ни било. Видете како се божјите патишта неочекувани...
Констатиравме дека разводот од Игор Којиќ мина цивилизирано и дека изгледаше како да си замина во тишина, но на крајот сепак не испадна така: ‘Јас си заминав во тишина. И до тоа ќе продолжам да се држам.“