Српска водителка сними видео со акни и флеки и порача: „Луѓето судат дали ти се исчупани веѓите и дали си се омажила на време“
- Детали
- среда, 22 февруари 2023
„Живеам во држава во која на луѓето многу им е важно да судат. Живеам во држава во која некој на тебе ти пресметува дали ти отчукува некаков си (биолошки) часовник. Во држава во која Твитер ти ги коментира изборите, а Инстаграм – степенот на самозадоволство“, порачува Јелена Николиќ за Србија, но дефинитивно ова важи и за Македонија.
Јелена Николиќ е српска водителка и писателка со 5 издадени романи, а ја водеше и емисијата „Kontra Show“, каде гостуваа познати личности од српската естрада.
Но, Јелена е и вистинско освежување – таа е природна убавица среде морето пластични кукли во Србија.
Овојпат повторно го потврди својот статус на „поинаква и уникатна“, откако сними видео на кое е без грам шминка и во фокус ги става своите подочници, флеки и брчки на лицето и вратот.
Ова го направи со цел да испрати моќна порака.
Нејзиното обраќање е до нејзините сонародници, но истото дефинитивно важи и за нас, Македонците:
„Живеам во држава во која на луѓето многу им е важно да судат. Важно им е каков си според нивните стандарди, дали ти се исчупани веѓите и дали си се омажила на време.
Живеам во држава во која некој на тебе ти пресметува дали ти отчукува некаков си часовник.
Во држава во која Твитер ти ги коментира изборите, Инстаграм – степенот на самозадоволство, а ТикТок – способноста да банализираш.
Живеам во држава во која ако си одам од едно работно место, не можам лесно да се вработам кај љубителите на другата политичка страна.
Живеам во држава каде кој било има право да каже дали имам право да изгледам како што изгледам, каде прво другите мора да бидат среќни, па дури потоа вие да одлучите за својот живот – под нивен диктат!
Живеам во држава каде на работодавачот не му е грижа да биде човек и каде морам приватно да одам на доктор.
Живеам во држава во која никој нема да сакаше да го прочита ова, освен ако не прикачев снимка на која сум полно со акни и флеки.
Ужасно!“
Видеото кое го сними Јелена:
С. С. | Црнобело