Моден двобој: Јелена Карлеуша се прошета со впечатливи, макси чизми како на Ким Кардашијан
- Детали
- петок, 10 февруари 2023
Јелена Карлеуша повторно модно се инспирира од Ким Кардашијан, а во српските медиуми осамна информација дека од брендови за облека наплаќа и по 15.000 евра за соработка и рекламна кампања.
Јелена Карлеуша деновиве (февруари 2023) се прошета со црни впечатливи макси чизми од брендот „Balenciaga“, откако Ким Кардашијан ја видовме со истиот модел на чизми во ноември 2022.
Јелена обично се жали дека Ким ѝ ги копира аутфитите, но очигледно и таа пронаоѓа инспирација во стилот на светската ријалити ѕвезда.
Или едноставно овие чизми ќе ги гледаме насекаде во претстојниот период...
Во српските медиуми деновиве осамна информацијата дека Карлеуша заработува вртоглави суми од нејзиниот Инстаграм профил, каде има повеќе од 2.4 милиони следбеници.
Од некои брендови за облека таа наводно заработувала и по 15.000 евра од договорена кампања и соработка.
Како ви се допаѓа овој впечатлив макси модел?
Јелена Карлеуша:
Ким Кардашијан:
С. С. | Црнобело