„Ти благодарам Скопје, растуривме“ - Јелена Карлеуша со специфичен стајлинг на настап кај нас (видео)
- Детали
- сабота, 24 декември 2022
Како и секогаш динамична и своја на сцената, Јелена Карлеуша со енергичен настап во Скопје на кој се појави во светкав, футуристички стајлинг, за кој се пошегува дека самата на себе си е инспирација и неа не ѝ е потребна Мет Гала (светски настан кој има секоја година различна тема во поглед на дрес кодот).
Јелена Карлеуша вчера (23.14) гостуваше во локал во Скопје, а за оваа пригода носеше светкав аутфит. Футуристички и специфично, регионалната дива како и секогаш знае како да остави впечаток.
Со многу танцување, блицеви пред себе, свои, но и песни од свои колеги и колешки од естрадата, таа ја размрда македонската публика.
„Ти благодарам Скопје, вчера растуривме“, напиша Карлеуша на својот Инстаграм профил.
Таа објави видео од стајлингот и настапот:
С. С. | Црнобело