Трогателна сцена од градинка во Босна: „Моето дете со Даунов синдром танцува само, сите други се на сцена“

„Ова не го заслужува никој, а најмалку дете од 5 години“ – мајка сподели видео на кое се гледа како нејзиното 5-годишно дете со Даунов синдром било оставено настрана да гледа како неговите другарчиња танцуваат на приредбата.

majka-na-dete-so-daunov-sindrom-spodeli-tazhno-video-site-deca-se-na-scenata-moeto-tancuva-na-klupa-i-cheka-da-zavrshi-pretstavata-01.jpg

Балканската јавност се дигна на нозе откако на социјалните мрежи масовно се прошири видео на кое се гледа како малиот Јаков кој има Даунов синдром бил „исклучен“ од училишната претстава.

Видеото што мајката на детето го објави на Инстаграм брзо почна да се шири на социјалните мрежи, а вработените во градинката во Широк Бријег, Босна, од каде доаѓа малиот Јаков, се соочуваат со осуда и критики.

„Додека другите деца танцуваа на сцената, Јаков на клупата танцува и чека сѐ да заврши. Значи со него се работело. По кој повод тој не можел да се качи на бината и зошто е симнат оттаму?

Кога ја прашав директорката зошто Јаков не учествувал, таа ми рече: ‘Госпоѓо, ако не ви се допаѓа има уште 10 други градинки, одете слободно!’

Ние ќе си заминеме секако, но нема да молчиме и да ставиме сѐ под тепих, ова не го заслужува никој, а најмалку дете од 5 години“ – напиша мајката до видеото на кое се гледа како малиот Јаков танцува на клупата додека чека неговите другарчиња да ја завршат претставата.

Мајката на Јаков, Драгана, наиде на голем број позитивни коментари во кои ја поддржуваат нејзината одлука јавно да зборува за непријатното искуство што таа и нејзиното дете го доживеале.

„Жално е што постои некој што не гледа убавина во неговото веселење и уште има срце да го изолира, а верувам дека ниту едно дете не се радувало толку многу како него“,

„Неговото срценце не знае да се лути, тој ќе ни го прости сето ова, но нашето општество мора под итно да се промени“,

„Се надеваме дека ова нема да помине неказнето“ – се само некои од коментарите до видеото.

По видеото се огласија од градинката и велат дека мајката на детето изнесува невистини и дека сите деца биле вклучени во претставата, а видеото билo „наместено“.

Наводно мајката претходно рекла дека ќе си одат и нејзиното дете нема да учествува во претставата, а потоа го снимила видеото од чекалната и го објавила на социјалните мрежи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Те сакам, сине“: Татко напиша порака во снег пред Детската клиника во Белград Пораката што таткото ја напиша во снегот за своето болно дете, предизвика многу ...
Мајка ѝ не сакала да ѝ помогне, Цеца ѝ го плати лекувањето – Тажната приказна на Исидора Бјелица „Како да не ве боли кога мајка ви оди на одмор додека сте на хемотерапија, или а...
Вујкото и мајката на Ксенија Пајчин, која беше брутално убиена од партнерот: „Некои болки не се допи... Eдна од најголемите трагедии на јавната сцена во регионот беше кога манекенот Фи...
Потег за почит: Жена од Сплит нуди бесплатно сместување за мајка со дете кои немаат пари за летување „Би сакала да се пријави мајка со дете, по можност детето да има година до годин...
Марија Шерифовиќ стана мајкa: „Љубовта пристигна во мојот живот“ „Љубовта ми пристигна. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот“ – нап...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg