Цеца на рајски одмор на Малдиви, Анастасија Ражнатовиќ во пустина во Катар (фото)
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
Додека Анастасија Ражнатовиќ навива во Катар за саканиот Гудељ и шета низ пустината, Цеца ужива на рајски одмор на Малдиви со внучето.
Цеца периодов ужива на одмор на Малдиви со својот внук Жељко, синот на нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ и неговата сакана Богдана. Taa вели дека ова им е подарок за годишина од брак, за да можат да си прослават сами.
Таа и пред извесен период престојуваше на оваа егзотична дестинација, па очигледно за пејачката токму ова ѝ е совршениот рецепт за релаксација.
Додека Цеца е на Малдиви, нејзината ќерка Анастасија Ражнатовиќ е во Катар, каде навива за својот сакан, фудбалерот Немања Гудељ, кој настапува со српската фудбалска репрезентација.
Во слободно време таа шета во пустината и го истражува Катар.
И мајката и ќерката очигледно сакаат во периодите кога одмораат од кариерата и професионалните ангажмани да уживаат во патувања на далечни дестинации.
Цеца на Малдиви:
Анастасија Ражнатовиќ во Катар:
Фотографии од претходниот одмор на Цеца на Малдиви, во јануари 2022:
С. С. | Црнобело