Анастасија Ражнатовиќ навива за дечкото, Драган Бјелогрлиќ со синот: Српската естрада на трибините во Катар (фото)
- Детали
- петок, 25 ноември 2022
Анастасија Ражнатовиќ од трибините навиваше за нејзиниот дечко Немања Гудељ, а меѓу познатите Срби на трибините беа и Жељко и Јована Јоксимовиќ, но и поранешниот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, а Софија Милошевиќ, пак, беше заедно со бразилскиот модел Адријана Лима на натпреварот помеѓу Србија и Бразил.
Голем дел од српската естрада синоќа (24.11) се собра во Доха, Катар за од трибините да ги бодри фудбалерите на српската репрезентација, која го одигра својот прв меч на Светското првенство против Бразил.
Српската репрезентација беше поразена од Бразил, но поддршката од трибините од големиот број познати личности на српската естрада не застанува.
Голем број од нив објавија свои фотографии на социјалните мрежи до кои напишаа: „Одиме понатаму“.
Меѓу познатите кои ја бодреа српската репрезентација беа Жељко и Јована Јоксимовиќ, Анастасија Ражнатовиќ која го бодреше нејзиното момче Немања Гудељ, фудбалерот Душко Тошиќ, актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ со синот Алексеј.
Меѓу познатите Срби беше и водителката Ана Јовановиќ, за која српските медиуми шпекулираат дека е во врска со сопругот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ.