Северина во водите на реката Јордан: „Пред 8 години се крстев тука, сега само ги гледав луѓето како влегуваат“
- Детали
- среда, 23 ноември 2022
„Пред 8 години влегов во водите на реката Јордан, а сега само ги гледав луѓето како среќни влегуваат“ – напиша Северина до најновите фотографии од посетата на реката Јордан.
Хрватската пејачка Северина деновиве е на патување во Јордан, а секако ја посети и реката Јордан каде бил крстен и Исус Христос.
Пејачката сподели повеќе фотографии од сегашната посета, но и од пред 8 години, кога влегла во реката и имала крштевање во светите води, кои се природна граница меѓу Јордан и Израел.
„Патувањето во Јордан ме потсети на патувањето во Израел, пред 8 години. Тогаш од израелската страна влегов во реката Јордан, која е природна граница меѓу Израел и Јордан.
Сега бев на спротивната страна и ги гледав луѓето како среќни влегуваат во реката Јордан. Незаборавно“ – напиша таа до фотографиите од пред 8 години на кои се гледа како во црн бикини костим за капење и бела маица излегува од водите на светата река.
Инаку, пред неколку дена Северина беше во посета на пустината Вади Рум, а објави и фотографија од Мртво Море, на која носи црно бикини и целосно е покриена со кал.
Прочитајте и „Дури и во пустина наоѓам згодни мажи“ - Северина на одмор во Јордан, откако Милан плачеше во интервју (фото)
Погледнете повеќе фотографии од одморот на Северина во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело